Четири вооружени бродови на кинеската крајбрежна стража влегоа утрово во јапонските територијални води, објави јапонската крајбрежна стража.
Пекинг, пак, тврди дека бродовите патролирале за да ги заштитат своите територијални права во спорните води.
„Бродот на 1307-та формација на кинеската крајбрежна стража патролирал во територијалните води на островот Дјаоју. Ова беше законска патролна операција спроведена од кинеската крајбрежна стража за да ги заштити своите права и интереси“, се вели во соопштението.
