Кинеските вакцини во земјава доаѓаат на 30 април или 1 мај, најави Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кинеските вакцини ќе пристигнат во нашата земја на 30 април, или 1 мај, во зависност како ќе се одвива транспортот. Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче за време на посетата на нова фабрика во Бунарџик.

„Според последната информација од вчера, кинеските вакцини на 28 април треба да тргнат од Пекинг кон Истанбул, на 30-ти од Истанбул во Белград и оттука најверојатно или на 30-ти вечерта или на 1 мај со специјални камиони ладен ланец ќе пристигнат во Скопје, по што ќе ги сместиме во ладната соба во поликлиниката „Јане Сандански“, изјави Филипче.

Потоа, како што информираше министерот за здравство, според бројката на пријавени, ќе се дистрибуираат во сите пунктови за масовна вакцинација во земјава, за веќе после празниците да се вакцинираат граѓаните со оваа вакцина.