Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипчe, амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија Н.Е. Кејт Мари Брнз и д-р. Ирина Пановска Ставридис, ќе ја посетат Клиниката за хематологија.
Повод на посетата е добиената финасиска помош во висина од 800.000 долари од Европската команда на армијата на Соединетите Американски Држави (САД). Овие средства се наменети за проширување на капацитетите за хоспитализација на пациенти со хематолошки болести во рамки на Клиниката.
