Клиниката за кожни болести ќе биде затворена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Целосно затворена во следниве две недели ќе биде Клиниката за кожни болести, персоналот ќе биде во двонеделна домашна изолација, а пациентите веќе се пуштени дома, велат од Министерството за здравство.

Оваа одлука доаѓа откако утврдиле дека директорката на Клиниката, која пред пет дена се вратила од Италија, а во меѓувреме одела на работа, е позитивна за коронавирус.

Во моментов во Клиниката се присутни епидемиолози и уште неколкумина вработени, и ги подготват просториите за дезинфекција.

За пациентите се смета дека можат да го продолжат лекувањето и во домашни услови.