Украинскиот претседател синоќа беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, кој рече дека телефонски разговарал со Зеленски и Трамп.
„Дозволете ми само да кажам дека сте многу, многу добредојдени овде на Даунинг стрит и, како што слушнавте од аплаузите на улицата надвор, ја имате целосната поддршка на Обединетото Кралство. Ние стоиме со вас, со Украина, онолку долго колку што ќе биде потребно“, вели Кир Стармер.
Двете држави потпишаа заем од речиси 2,5 милиони евра за воени испораки.
„Со задоволство, многу ви благодарам, Кир, господине премиере, среќен сум што сум тука. Навистина, видов многу луѓе и сакам да им се заблагодарам на вас, народот на Обединетото Кралство, за оваа голема поддршка од самиот почеток на оваа војна“, вели Володимир Зеленски.
Зеленски беше на средба со 15 лидери од Европа и Канада, кои разговараа за можноста за траен мир и идеите за гаранции за безбедноста на Украина.
„Му кажав на Зеленски дека треба да најде начин да ги обнови врските со Американците, бидејќи треба да се движиме заедно. Украина, САД и Европа. Тоа е многу важно“, вели Марк Руте.
Обединетото Кралство, Франција и Украина ќе работат на планот за прекин на огнот што ќе им го претстават на Соединетите држави.
