Кочанската трагедија истакна многу институционални дефекти. Беше констатирано дека државата има многу малку инспектори, додека тие што се не можат да контролираат се.
Но, зошто Управата на пазарен инспекторат има недостиг од инспектори кога 21 вработен ги посетувале потребните курсеви за инспектор, а не се унапредени да ја вршат оваа должност!?
ТВ21 обезбеди и документи кои покажуваат дека курсевите биле посетени.
Вработените со кои разговаравме сакаа да останат анонимни. Тие рекоа дека по 1 година обука, на 9 јануари, директорот Влатко Стојкоски требало да ги покани да присуствуваат и на практичниот дел, но според нив тоа не се случило и на 31 декември 2024 година повторно добиле договори како нови соработници.
ТВ21 се обиде да стапи во контакт со директорот на Пазарниот инспекторат но тој не беше достапен.