Во вечерашното издание на емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска изјави дека економските показатели во одредени сектори конечно бележат позитивен тренд.
– После долго време лоши резултати во градежништвото, имаме високи стапки на раст во градежништвото од 7%, и ме радува земјоделството. Имаме стапки на раст во земјоделството, после долги години лоши резултати во оваа дејности, имаме позитивни резултати во последните два квартали и тоа покажува дека сме на добар пат, вели министерката за финансии во „Бизнис21“ на ТВ21.