Во вечерашното издание на емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прашањето „колку е реализацијата од 250 милиони евра наменети за општините“, одговори:
– Сигурно има задоцнување и неможност да ги распишат тендерските постапки. Верувам дека тука ќе има одредено задоцнување. До овој момент од податоците коишто нели ги има министерството за финансии 1,5 милијарди денари имаме веќе плаќања направени оваа година или тоа е онаа АА програма. Во 2024 година реализацијата е 1 милион денари и сега нормално останува оној дел којшто го кажавме, вели министерката.
Погледнете го целиот одговор на министерката за финансии: