Кое министерско место ќе го добие Алтернатива?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наскоро се очекува реконструкција на Владата, а во неа да влезе и Алтернатива на Африм Гаши, а тоа ќе биде познато по разговорите кои се очекуваат следната недела.

Вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, членот на ИО на СДСМ Стефан Богоев откри детали.

ТВ21: Најавено е следната недела СДСМ да седне со Африм Гаши од Алтернатива и оваа партија да ја смени БЕСА во Владата?

„Дефинитивно во нив ќе има што ќе се постигне Алтернатива. Коалицискиот партнер потенцијален кој што треба да влезе со четири пратеници, прилично извесно ќе добие министер во владата. На кое министерство, ќе биде соопштено дополнително. Не смеете да менувате повеќе од 1/3 од Владата, тогаш паѓа владата. Моите информации велат дека ќе се менуваат пет министри и евентуално еден вицепремиер, за да биде реконструкција“, рече Богоев.