Кога бебето може да јаде поцврста храна?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Повеќето бебиња на возраст од четири до шест месеци се подготвени за поцврста мека храна. Се разбира, секое бебе е различно, но постојат показатели за подготвеноста околу тоа. Најважно е да имате контрола врз држењето на вратот и главата. Детето тука некаде, веројатно, ќе почне и само да покажува посебен интерес за храната во чинијата на возрасните…

Прво, треба да му дадете на детето помали делови, а потоа постепено да ги зголемувате. Проверете дали храната е правилно сварена и /или испасирана. Избегнувајте тврда храна, како што се кикирики, индиски ореви, бадеми и слично, за да се избегне задушување.

Препорачливо е прво да ја вклучите следнава храна во исхраната на малечкото…

Зеленчук. Може да се почне со сладок компир, морков или грашок. Ако бебето ги одбие, обидете се следниот ден повторно. Важно – не се откажувајте.

Житарки богати со железо. Тука, пред сѐ, спаѓаат пченицата и овесот.

Овошје. Може, на одредена возраст, да му дадете на бебето згмечени банани, јаболка, круши или праски. Чисто авокадо е дозволиво и – здраво, зашто содржи многу здрави масти.

Мали парчиња храна што детето може да ги јаде со прсти, на пр. крекери, ситно исецкани изматени јајца, лебна срединка и слично.

Храна што содржи железо спречува анемичност. Суво грозје, путер од кикирики и спанаќ може да бидат особено корисни за развојот на едно дете.

Храната е важно секогаш да биде убаво испасирана. Или пак, во што е можно помали парчиња, особено кога станува збор за јагоди, грозје и домати. Избегнувајте цело овошје и зеленчук, варени јајца, големи парчиња месо од живина и, се разбира – пуканки. Тоа детето може да го јаде подоцна во животот.

Ако забележите дека вашето дете покажува знаци на алергија на одредена храна, веднаш обратете се на лекар.