Кога би бил целосно реализиран Коридорот 8?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На прашање на модераторот за тоа за колку време би бил целосно реализиран Коридорот 8, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека од компанијата „Бектел-Енка“ ќе предвидат динамички план според кој, за секоја од секциите ќе дадат свој рок.

„Веројатно тие рокови ќе бидат пократки, заради тоа што тие ќе бараат голема и силна динамика и работа на терен, тоа е нешто кое ни е најавено дека бараат сериозен ангажман и од државата, но и тие ќе влезат со сите свои ресурси“, посочи Бочварски.

Тој додава дека засега од компанијата не можат да имаат прецизна проценка бидејќи се уште не се направени проектите.

Во продолжение целата изјава: