Кога ќе научиме – „не знам“ се пишува одвоено – Св. Кирил и Методиј, 24 мај – празник на големите просветители

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На студиите по македонски јазик годинава имаше одвај пет кандидати, поголемиот дел од граѓаните кај нас зборот „не знам“ уште го пишува сврзано, додека пак социјалните мрежи станаа место каде што најмногу се гледа нашата писменост како нација. Тогаш се поставува прашањето колку е исполнета културната цел за создавање писменост на двајцата солунски браќа Кирил и Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата.

Вонредна состојба, затворени училишта и факултети, Во ваков амбиент годинава се чествува празнкотна сесловенските просветители браќата Кирил и Методи.

За премиерот Спасовски, денешниот празник е исклучително значаен цивилизациски процес.

„Темелот на овој процес е создавањето на првата азбука – глаголицата, од која подоцна нивните следбеници, пред сѐ, Свети Климент Охридски, ќе ја создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо. Светите браќа овозможија Библијата да биде достапна за сите Словени и старословенскиот јазик да се воведе во црковните служби. Истовремено, тие и нивните ученици, ќе започнат и далеку поширока културна активност преку описменување на населението, превод на книги и формирање на книжевни школи, од кои подоцна ќе произлезе и Светиклиментовата охридска школа“, истакна Оливер Спасовски.

Поради пандемијата годинава беше одложено и чествувањето во Рим и Ватикан. Поклонението на државно-црковна делегација што редовно се одржува на гробот на св. Кирил во базиликата „св. Климент“ во Рим не се случи.

Честитки за Денот на словенските просветители упати и Претседателот Стево Пендаровски.

„Ден посветен на словенските апостоли, заштитниците на Европа, кои ни оставија азбука, книги, но и животопис исполнет со давање и трпение, со скромност, благородност и непресушна верба. И по повеќе од 11 векови од нивното земско битисување делото на Кирил и Методиј е се уште живо. Во 21 век, мајчиниот јазик и неговата употреба е основно човеково право кое е универзално почитувано“, посочи Стево Пендаровски.

По повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј честитки упатија и лидерите на опозициската ВМРО ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски владејачката СДСМ, Зоран Заев.