Тонино Пицула, пратеник на Европскиот парламент од Хрватска ни е вечерва соговорник во „Клик Плус“ на ТВ21. Со пицула зборувавме за Европската Унија и за нејзината иднина. Тој кажа дека некои земји членки на ЕУ доколку сега би имале кандитатски статус, никогаш не би биле дел од Унијата.
„Еве како што знаете само што започна со работа Конференцијата за иднината на Европа која би требало да даде одговор на прашањето како Европската Унија ќе функционира во третата декада од 21-от век, пред се во консултација со граѓаните. А еден од демократските дефицити во Европската Унија е меѓудругото препознат и во отстапување од вредностите кои се вкоренети во самата срж на европскиот проект кој секако го загрозуваат одредени илиберални автократски држави, членки на Европската Унија, како што јас понекогаш сакам горко да се пошегувам дека доколку некои од нив сега би биле кандидати за членство во Евроската Унија никогаш не би можеле да влезат со овие демократски стандарди во самата Европска Унија. Меѓутоа што е тука е, тие се сега членки и мора да се види на кој начин Европската Унија може да биде демократски постабилна, демократски по просперитетна и како да се отстранат тие некои „тесни грла“ кои се сега евидентни”, вели Пицула.
