Кога се очекува да се намали цената на зејтинот?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за економија, Крешник Бектеши вчера во „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека целосното отворање на увозните коридори во Украина ќе овозможат намалување на цената на маслото за јадење во земјава.

Според него, тоа ќе зависи од светските пазари, но и од цените на инпутите.

„Тоа зависи од светските пазари и зависи од цените на инпутите како што се сончогледот и нерафинираното масло кои главно се увезуваат од Украина и Бугарија, но мислам дека доколку се отварат сите увозни коридори од Република Украина, тогаш верувам дека цените ќе се стабилизират“, додаде Бектеши.