Се објавуваат имињата на кандидатите за локалните избори. Неформалната кампања на кандидатите веќе е започната. Посети на терен и средби со помали групи на граѓани поради Ковид-19. Се користат социјалните мрежи и интернетот.
Алијансата за Албанците ги објави имињата на кандидатите за Желино и Боговиње. Во Изборното собрание, Махир Зибери беше едногласно избран за кандидат за градоначалник на Желино. Во Собранието на огранокот во Боговиње не беше поддржан актуелниот градоначалник Албон Џемаили, туку со мнозинство гласови Садик Сулејмани беше избран за нов кандидат за градоначалник. Во Дебар ќе се тркаат со д-р Беким Поцеста. Арбен Таравари повторно ќе се трка за прв човек на Гостивар. Можни кандидати за Струга се Гарип Каба, Идриз Истрефи, Имер Имери и Лулзим Насуфи, а за тоа ќе се одлучи утре. Од АА велат дека наскоро ќе се официјализира кандидатурата на Назим Таипи, кој доаѓа од дијаспората како кандидат за општина Теарце. Беким Сали неофицијално ќе се трка за Чаир, за Тетово се збори дека ќе се трка лекарот Илир Демири, а за Кичево се уште нема официјално име.
ДУИ објави неколку имиња. За Чаир повторно ќе се кандидира Висар Ганиу, за Липково Еркан Арифи, за Кичево Фатмир Дехари, Неби Реџепи во Општина Врапчиште, Ридван Ибраими во Арачиново. Теута Арифи најверојатно повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Тетово, а неофицијално Невзат Бејта ќе се кандидира за Гостивар.
Од Движењето Беса објавија само четири кандидатури, и тоа за Тетово претседателот на партијата Билал Касами, за Гостивар пратеникот Фадил Зендели, за Теарце потпретседателот Абдуш Демири и за Желино актуелниот градоначалник Блерим Сејдиу. Велат дека кандидатурите ќе бидат официјализирани на партискиот конгрес кој ќе се одржи на почетокот на септември.Oд СДСМ досега објавија 30 тина имиња меѓу кои дел се и актуелни градоначалници .
- Петре Шилегов – Град Скопје
- Миликије Халими – Арачиново
- Костадин Георгиевски – Охрид
- Стојан Николов – Росоман
- Сашко Николов – Штип
Минатата недела, македонската опозициска ВМРО-ДПМНЕ официјализираше уште 19 кандидатури за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври. Меѓу нив, Тони Михајловски за Куманово, Александар Стојкоски за Ѓорче Петров, Дарко Костовски за Бутел, а за општина Охрид кандидат ќе биде актуелниот пратеник Кирил Пецаков.
ВМРО-ДПМНЕ најави соработка на локалните избори со Алијансата за Албанците и Алтернативата. Минатата недела официјализираа 26 други кандидатури, а велат дека ги прават последните процедури за да го изберат вистинскиот кандидат за прв човек на град Скопје.
Владејачките партии СДСМ и ДУИ веќе најавија дека во многу општини ќе се поддржуваат меѓусебно во првиот круг на изборите, а во Скопје ќе имаат заеднички кандидат.
