Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од „Зелен хуман град“, Ана Петровска гостува вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
Ја прашавме кои се лицата кои се дел од „Зелен хуман град“, а Петровска ни одговори дека тука пред се се 20 активистички организации.
„Тоа се граѓански организации, неформални структури и поединци. Прво беа 12 организации, а подоцна се вклучија и други. Тоа пред се се организации кои што се борат за заштитата на животната средина, понатаму за управување со отпад. Имаме и застапници на правата на малцинствата на етничките заедници, пред се ромското население. Исто така, имаме и претставници на луѓето со хендикеп и имаме голем број на луѓе кои се борат за бездомните животни, односно се борат да се намали нивниот број и целосно искоренување на оваа појава која е штетна за самите животни, а така и за граѓаните кои често стануваат жртви на одредени напади“, посочи Петровска.
Во продолжение целата изјава:
