Кои се луѓето кои МВР ги распитува за токсичниот енергенс кој предизвикува рак

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден во бегство, други веќе во притвор, трети уапсени попладнево за токсичниот енергенс кој според неколку научни трудови предизвикува рак. Меѓу лицата кои ги сомничи МВР освен бизнисмените Јахоски и Капушевски на листата се наоѓа и Васко Ковачевски поранешен директор на ЕСМ и РЕК Битола. Тој исто така е осомничен и во групата од 22 лица во случајот „Адитив“, за криминал тежок 6,5 милиони евра при злоупотреба на јавна набавка за адитиви за горивата во македонските термоелектрани. Тој е во бегство и за него е распишана меѓународна потерница.

ТВ21 успеа да дојде до листата на останати лица кои попладнево ги обезбеди полицијата.

  • РАТКО КАПУШЕВСКИ
  • А. МУЧА
  • НИКОЛА СТОЈАНОВСКИ
  • ЕМИЛ ПЕЦАКОВ
  • МАРИЈА НЕШОВСКА
  • БЛАГИЦА МАРКОВИЌ
  • РУЖДИ РАМАДАНИ
  • ДУШИЦА СЕИЗОВСКА ЈОВАНОВИЌ
  • ДОБРИЛА СТЕФАНОСКА
  • ЕРЏАН СУЛКОСКИ
  • АСМИР ЈАХОСКИ
  • ДАНЧО СТОЈАНОВСКИ

Уапсените лица може најдолго 24 часа да бидат задржани во полициска станица, а потоа треба да бидат ослободени или изнесени пред судија на претходна постапка кој може да одреди притвор или мерки на претпазливост.