Не е ретка појава, особено оние помладите возачи, да не знаат да сменат гума кога ќе доживеат проблем со истата, иако во последно време постојат многу сетови за брза поправка на пневматикот, со цел да се стигне до сервис, каде што ќе може целосно да се поправи.
И оние кои знаат да променат гума, прават чести грешки. Едни премногу брзаат, други паничат за да се тргнат од опасните места на патот, како и од мрак, ладно, или вожд, дигалката во такви услови може да нема стабилна подлога.
Ова се 12 најчести грешки кои ги правиме при промена на гума::
- Не сте го пакрирале автомобилот на рамна и цврста подлога
- Не сте ја повлекле рачната кочница
- Не сте го оставиле автомобилот во брзина
- Не сте ги олабавиле шрафовите пред да го кренете автомобилот на дигалка
- Сте ја поставиле дигалката на погрешно место на автомобилот. Постојат одредени точки каде што дигалката треба да биде поставена
- Сте ја поставиле дигалката на лоша подлога, затоа секогаш подлогата мора да биде цврста за да ја издржи тежината на автомобилот
- Не сте стаиле нешто нешто под другите тркала за да се осигурате дека возилото нема да падне
- Сте ја поставиле дигалката на криво
- Не сте го подготвиле резервниот пневматик за промена
- Не сте им наредиле на сите патници да излезат од автомобилот
- Ја менувате гумата на надолнина или нагорнина
- Резервната гума се издишала стоејќи со години во багажникот. Повремено проверете ја состојбата и со резервната гума, затоа што не знаете кога ќе ви затреба
