Кој е директор на ОУ „11 Октомври“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хаос во основното училиште 11 Октомври, во општина Центар. Досегашната директорка Даниела Костадинова, одби да излезе од канцеларијата, иако советот на родители во соработка со општината и надлежните институции, одлучиле за именување на нов директор на ова училиште. Придружувана од двајца полицајци, Костадинова и натаму доаѓа на работа и седи во директорската канцеларија. Таа изјави дека нејзиното разрешување од функција не е легитимно

Ситуацијата стана уште по тензична кога десетина родители влегоа во канцеларија. Родителите ја обвинија директорката дека не се грижи за нивните деца, туку дека училиштето го претворила во политичка институција.

Новиот директор, Васко Лазаревски вели дека родителскиот совет го одбрал него за директор на училиштето.

Авторитетите на општина Центар, предупредуваат дека ќе покренат законска постапка против одлуката на Централниот регистар и Државната комисија, во врска со разрешувањето на директорката.

Подготви: Арбана Ќерими