Кој е планот на Митко Јанчев, втор мандат за градоначалник или лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Митко Јанчев, актуелниот градоначалник на Кавадарци во „Клик Плус“ на ТВ21 одговараше на прашањето дали ќе се кандидира за нов мандат, или, пак, ќе атакува на позицијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Неговото име се споменуваше како еден од кандидатите за претседател на опозицијата, но Јанчев во „Клик Плус“ даде објаснување.

„Јас како градоначалник сум три години, прв пат на оваа функција, и уште во првите 2,5 години ја исполнив кампањата. Тоа ми даде за право да размислувам за други проекти и покрупни проекти. Јас сум градоначалник кој го нема мнозинството во советот. Централната власт која ја има СДСМ, но ја имам поддршката максимална од сите.

Во ова тригодишно вработење не се приметува дали е ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ предводувач на самата локална самоуправа во Кавадарци, и тоа според мене вистинскиот начин за развој“, вели Јанчев, кој потоа одговори дали ќе се кандидира за нов мандат:

„Јас најавив дека ќе се кандидирам за втор мандат. Во врска со прашањето дали имам некаква комуникација со централното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, одговорот е: не, немам. Но, сите статути на партијата ќе ги испочитувам. Кога ќе дојде време и кога ќе излезе конкурсот за градоначалник, јас ќе се пријавам на тој конкурс“, најави Јанчев.

Покрај Јанчев, во „Клик Плус“ дебатираме и со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Целата изјава низ видео: