Сопругот на новоизбраниот потпретседател на САД, Камала Харис, Даг Емхоф, стана првиот Втор господин, откако неговата сопруга официјално ја положи заклетвата за заменик претседател на државата.
Даглас Емхоф (56) е успешен адвокат и е во брак со Камала Харис од 2014 година.
Тој има две деца со Керстин Емхоф, со која беше во брак 16 години.
Роден е во Њујорк и пораснал во Њу Jерси и Лос Анџелес.
Емхоф ја запозна Камала на „слепа“ средба, а се венчаа во судот во Санта Барбара, додека таа работела како главен обвинител во Калифорнија.
Првиот втор џентлмен на Америка е инаку страствен играч на голф.
Сè уште не е познато кои ќе бидат неговите должности откако Камала ја презеде функцијата на церемонијата на инаугурацијата на новиот американски претседател eо Бајден.
Емхоф секогаш ја поддржувал Харис во развојот на нејзината кариера, и тој за медиумите изјавил дека можеби е првиот Втор господин, но дека не сака да биде последен.
