Кој е ставот на министерот Филипче за работа на угостителските објекти и по 21 часот?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Работата на угостителските објекти беше продолжена од 18 до 21 часот. Венко Филипче во „10МИНУТИ“ одговори дали има шанси истото да биде продолжено дополнително, и да трае повеќе.

Филипче рече дека тоа ќе зависи од тоа како ќе се движат бројките по дозволата да се работи до 21 часот.

„Оваа недела разговаравме, ќе помине оваа недела да видиме како ќе се одвиваат работите со малку продолжено време, и во основа на тие резултати, ќе се носат нови препораки“, рече министерот за ТВ21.