Кој ги тргна инспекторите од „игра“ во 2008 година?! – Дурмиши: Министерството за економија не е одговорно за лиценците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сопствениците на дискотеки, кабареа и хотели во последните 17 години со изјава преку нотар под морална и кривична одговорност потврдувале дека нивните објекти ги исполнуваат минималните технички услови за развој на дејноста. Законските измени во 2008 година ја отстранија одговорноста на Пазарниот инспекторат да излезе на терен за да ги провери состојбите во ноќните клубови, дискотеките и кабареата. Тоа го злоупотребиле, вели актуелниот министер Бесар Дурмиши, кој иницираше измени на законот за дејноста на овие категории.

„Во овој член, каде треба да се аплицира  за исполнување на минималните технички услови, законот беше изменет во 2008 година за да се создаде посоодветна деловна клима и да им се овозможи на страните што побрзо да стигнат до соодветната документација, но како што може да се види, тој е злоупотребен. Пазарниот инспекторат пред 2008 година, кога стапи на сила овој закон, требаше да излезе на терен да изврши проверка и да донесе решение, кое го доставува до Министерството за економија и врз основа на тоа решение Министерството ја издава лиценцата“, вели Бесар Дурмиши.

Кој учествува во останатата документација.  Советот на општината да ги определува сумите на плаќање каде 50% оди во општинскиот буџет и 50% во државниот буџет. За прашања од безбедноста на луѓето и сообраќајот се добива потврда од МВР, односно од подрачната полициска станица. Министерот Дурмиши рече дека Министерството за економија потпишува лиценци врз основа на документи донесени од надлежните органи од теренот и според него, тие не одговараат за евентуални злоупотреби направени од други органи кои ги водат процедурите.

„Во рамките на законот за гастрономска дејност извршени се вкупно 116 вонредни контроли, од кои на 10 кафулиња и клубови им е изречена забрана за вршење дејност. Потврдено е дека 15 од 23 субјекти со активни лиценци не ги исполнуваат ниту минималните технички услови. „Она што ви го кажав во мојот говор е дека кога се менуваше законот, странката со морална и кривична одговорност сама ги пишувала податоците“, вели Бесар Дурмиши.

Со законските измени за хотелска дејност, кабаре и ноќни клубови, кои ги најави Дурмиши, пред да се добие лиценца од Министерството за економија и труд, Државниот пазарен инспекторат дефинитивно мора да излезе на терен заедно со општинските инспектори од локално формираната Комисија за проверка на минималните технички услови. Условите кои мора да се исполнат вклучуваат итен излез во случај на катастрофи, задни скали ако зградата е висока над 22 метри, хидранти на секој кат и противпожарни апарати, по еден на секои 50 м2, а затворените паркинзи со повеќе од 30 автомобили мора да имаат автоматски систем за прскање вода одозгора.