Продажбата на еден од главните објекти во Тетово – „Монополот“ – беше тема на дискусија во интервјуата со кандидатите за градоначалник на Тетово, кандидатот на АКИ – Бајрам Реџепи и кандидатот на ВЛЕН – Билал Касами.
Реџепи во ТВ21 изјави дека во документот стои потписот на Касами.
„Документите се јавни, тоа се манипулации ако се обидуваат вината да ја префрлат на некој друг. Сè е со име и презиме, со потпис на актуелниот раководител на Тетово, односно на заминувачкиот градоначалник на Општина Тетово. ‘Монополот’ претставуваше не само финансиски, туку и духовен злостор врз Тетово. Финансиската штета во овој случај изнесува околу 5 милиони евра, кои требаше да завршат како средства во буџетот на Тетово“, изјави Реџепи.
Од друга страна, Касами тврди дека објектот е продаден за време на мандатот 2013–2017 година, кога со Тетово раководела Теута Арифи.
„‘Монополот’ е продаден во 2014 година, во мандатот 2013–2017, кога актуелниот противкандидат беше општински советник во времето на Теута Арифи, за што, за жал, беше задолжен со 1200 евра само по основ на извршител, затоа што советниците од тој состав не ги добиле своите парични надоместоци од Теута Арифи. Она што уште полошо го направил Бајрам Реџепи е тоа што, кога го поднел барањето до Општина Тетово, не го поднел како едно барање, туку како осум одделни барања“, изјави Касами.