Кој и како може да поседува безбедносен сертификат за НАТО?
На ова прашање, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 одговори директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески.
„Со самото членство на НАТО, претставници и во Делегацијата наша во НАТО и овде, особено делот од министерството за одбрана, вооружените сили, армијата и министерството за надворешни работи и секако безбедносните разузнавачки служби имаат пристап до кластифицираните мрежи на НАТО каде што е огромен број на класифицирани информации кои секојдневно се продуцираат“, посочува Славески.
Тој објаснува дека нормално е во тој процес да се помине овој ре-ветинг затоа што луѓето веќе поседувале одредени безбедносни сертификати, меѓутоа тие сертификати и во самата форма се поинакви.
„Самата суштина на процесот е подлабока затоа што пристапот до информациите е од повисок степен на класификација“, истакнува Славески.
Славески вели дека македонските разузнавачки експерти за секој издаден безбедносен сертификат разговараат со претставници од Алијансата и доколку тие имаат информации за некаков безбедносен инцидент или ризик за одредено лице, тогаш се прави проценка дали на некое лице ќе му се издаде ваков сертификат.
