Нивниот попис како нерезиденти, прашањето за албанскиот јазик во земјава како и ризикот за раководството на општината на локалните избори во 2025 година, беа дел од темите за кои кичевските иселеници изразија загриженост на средбата со градоначалникот на општината, Фатмир Дехари.
„Мене лично како жител на Кичево ме загрижува ова прашање на Кичево и ме интересира како ова ќе продолжи, Фатмир спомна дека три мандати е на чело на општината, но верувам дека ја имаме истата загриженост со многу сонародници, загрижени сме за да дознаеме дали ќе имаме четврти мандат каде Кичево ќе дише на албански како досега? Ова ме интересира и сакам да знам кој е планот?“, вели Фљорим Цуцули.
По ова прашање градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, во својот одговор соопшти дека тој ќе се кандидира и за четврт мандат за градоначалник.
„Со оваа порака што ја пренесов за јазикот, знамето, основата на оваа институција, која влече корени од дијаспората, мислам дека бев јасен за четвртиот мандат кој ќе продолжи во оваа општина, значи темелите на оваа општина ги изградивте вие , дијаспората, вие сте печатот на победата на оваа општина, надежта и иднината“, вели Фатмир Дехари.
На оваа средба присуствуваше и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, чија партија раководи со Кичево 12 години. Тој рече дека е загрижен за локалните избори бидејќи, како што додаде, се прават калкулации и активности за да им ја земат општина Кичево.
„Дека има активности дење и ноќе за да се земе општина Кичево, ова е повеќе од вистина, има организирање и мобилизација, не случајно го кажав елаборатот на Чублановиќ и Грашанин, ако сакате да ги победите Албанците, поделете ги затоа што Албанците се храбри но и се тврдоглави, затоа разделете ги и ќе ги победите. Формулата раздели па владеј е функционална, а злото ни дојде од нас самите, не од надворешни лица“, вели Али Ахмети.
Ахмети рече дека никој не може да им го скрати правото на глас на иселениците, иако Мицкоски го кажа ова. Тој ги потсети иселениците дека прашањето за албанскиот јазик мора да се зачува бидејќи, како што рече, доколку 5 Македонци добијат кворум, можат да го фрлат законот за јазици во ѓубре, затоа побара од нив да бидат подготвени да го зачуваат и заштитат јазикот стекнат со крв.