До крајот на Светското првенство во Катар остануваат уште четири натпревари. За титулата најдобар стрелец ќе се борат Килијан Мбапе, Лионел Меси и Оливие Жиру.
Зад нас се 60 натпревари на Мудњал 2022 година, а голманите капитулираа во 156 наврати.
Извесно е дека позицијата на Мбапе и Меси не беше доведена во прашање од стартот на Мундијалот, кога е во прашање ласкавата титула најдобар голгетер на Мундијалите.
Но, секако Оливие Жиру уште еднаш покажа дека е класен напаѓач. Напаѓачот на Милан го искористи отсуството на Карим Бензема и Кристофер Нкунку и го престигна легендарниот Тиери Анри и стана најдобар напаѓач на француската репрезентација со 52 гола во 116. Тој го одигра 117. меч против Англија и сега има 53 гола, два повеќе од Анри кој е втор најдобар стрелец.Триколорите со 51 гол на 123 натпревари.
It's looking like a three-horse race for the adidas Golden Boot! 🏃♂️ 🥇 #FIFAWorldCup
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 11, 2022
