Кој ќе биде повикан на распит за трагедијата во Тетово? Русковска: Се истражува дали е прекршена постапката за јавни набавки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Почнаа со работа истражителите за утврдување на причината за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде животот го загубија 14 лица. Во интервју за РСЕ, главната обвинителка за Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека сега за сега не може да каже кој ќе биде повикан како сведок за овој случај.

Како што е познато, проектот за модуларната болница го почна компанијата Брако на екс вицепремиерот Кочо Анѓушев. Доколку е прекршен законот за јавни набавки, Рускоска вели дека потоа ќе одлучуваат кого ќе го повикаат на распит и кој ќе биде повикан како сведок.

И додека последниов период јавноста ги виде скандалите со Кичеец и Рашковски, Рускоска вели дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција имало гоелм напредок во борбата против корупцијата.

Рускоска додаде дека против корупцијата можат да се борат само истражните органи, полицијата,  финансова полиција  и обвинителството.