За 3871 глас од Брвеница ќе се тркаат 6 кандидати. Еден од нив е независен, 3 кандидати се од албанските партии и 2 од македонскиот блок. Кандидатот на АА и ААА, Арѓенд Гура, синоќа во емисијата Клик Плус предложи да се фрли жрепка меѓу кандидатите Албанци со цел да не се делат гласовите.
„За да ја разјасниме нашата позиција овде кај вас ексклузивно, јас знам дека политиката не е коцкање меѓутоа за волја на вистината и за волја на тоа што општината останува во рацете на нашата албанска заедница, јас предлагам и со другите кандидати, доколку не постигнеме идеен компромис, да фрламе жрепка за да видиме кому ќе му се падне среќата да се трка за оваа општина како гаранција дека општината ќе ја водат Албанци“, истакна Арѓенд Гура.
Но противкандидатите не се согласија со неговиот предлог , велејќи дека изборите не се коцкање. Енвер Пајазити, актуелен градоначалник и независен кандидат, рече дека понудата за заеднички кандидат ја добил во 15 минути до 12 часот.
„Можам да бидам и спасител на општината за да продолжат општината да ја водат Албанци, бидејќи јас се водат од фактите. И гарантирам дека општината ќе остане во раце на Албанците“.
-Велите дека ако му помогнете на некој друг, тоа нема да биде а?
„Нема да биде“.
-Значи со помагање не може, а чекате Вам да ви помогнат, или?
„Таа помош е поинаква, не се прави во 15 мин до 12 бидејќи доцна почнаа преговорите“.
Пајазити прв ја објави кандидатурата, веднаш откако ДУИ му соопшти дека нема да го поддржат за изборите на 17 октомври.
„Токму самиот Пајазити беше контактиран во мај дека нема да добие поддршка од ДУИ. Знаеше? Во моментот кога му беше кажано дека нема да ја добие поддршката, на почетокот на јуни ја објави својата кандидатура во вашата ТВ, а јас веќе ја имав објавено“.
И ДПА ќе се бори за гласовите на Брвеница со кандидатот Миќаил Расими, а за оваа општина се борат и СДСМ со Мирко Стојановски и ВМРО-ДПМНЕ со Јовица Илиевски.
