Кој ќе пишува, кога е поевтино да се купи – студентите се повеќе си нарачуваат академски трудови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Само една порака на социјалните мрежи. Толку се далеку студентите од плагијат, или ангажирање друго лице за изготвување академски труд. Универзитетскиот професор и директор на Агенцијата за квалитет во високото образование, вели дека овој феномен во нашата земја е претворен во нормална појава која има негативни влијанија.

„За да не се дозволи такво нешто, треба институциите, пред сѐ оние кои се надлежни за нормално развивање на академската дејност, треба да понесат одговорност околу тоа како и кои механизми треба да ги користиме за да се санкционира ваквата појава“, вели Агим Рушити.

Рушити истакнува дека за жал дел од самиот академски кадар на универзитетите имаат недостатоци во нивните академски трудови.

„За жал, како што реков, во Република Македонија, особено во институциите за високо образование, со целосна одговорност велам дека имаме многу поединци кои работат како асистенти, па дури и како предавачи, чии докторски и магистерски тези не се во ред. Овој факт го покажуваат и бројните контроли што се прават“, вели Агим Рушити. 

Во нашата земја многу малку е уредено ова прашање со закон, додава тој.

Во овој правец, ангажирање на трето лице за изработување на труд, освен ако трудот не е препишан од почеток до крај, не претставува плагијат. Според Членот 18 од Законот за авторски права, за тој труд тешко може да се оспори авторството.

„Како автор се смета лице чие име, псевдоним, код или друг знак, на вообичаен начин е означен на делото, односно неговите примероци или е наведен при објавувањето на делото, додека не се докаже спротивното, во согласност со овој закон“, се вели во законот за авторски права, член 18, став 1.

Меѓу другото професорот Рушити, рече дека во случаи кога ќе се открие дека трудот е купен, истиот не се прифаќа, а како резултат на тоа треба да се повлече академскиот повик што лицето го добило со овој труд.

„Подобро малку да задоцниме со време, но да ја изготвиме како што треба!“