Кој прави притисок во Царина и УЈП?! – ВМРО-ДПМНЕ обвинува функционери од минатата власт

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски рече дека во последните месеци се зголемени приходите во Управата за јавни приходи и Царината без да се применуваат нови даночни или царински такси. Според него, причина за ова зголемување е стопирањето на грабежите од страна на некои олигарси, кои продолжуваат да вршат притисок за неплаќање на обврските на нивните фирми, како што беа навикнати претходно.

Денеска побаравме детали кои се овие бизнис-магнати, кои остваруваат милиони евра профит, а не сакаат да ги платат законските даночни обврски и царини. Од ВМРО ДПМНЕ рекоа дека се работи за луѓе блиски до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев и неговите сопартијци, од Социјалдемократскиот сојуз, кои беа на функции во претходната власт.

За ова прашавме и во СДСМ но не сакаа да се произнесат за конкретните случаи.