На новинарско прашање за тоа каква улога ќе има Зоран Заев по внатрепартиските избори закажани за 12 декември, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска истакна дека тој ќе биде активен член на партијата.
„Активен член, којшто секогаш ќе биде тука во партијата, и секако ветер во грб на партијата и секако член кој што секогаш ќе работи на единство на партијата, што се покажа вечерва дека го има“, порача Кузевска.
