Според првата проценка објавена денеска на Евростат, годишната стапка на инфлација во февруари мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени е највисока во Естонија, дури 5%.
После неа следуваат Хрватска со 4,7%, па Белгија 4,4%, а меѓу водечките се и Словачка 4%, и Летонија 3,6%.
Во целата ЕУ има намалување на инфлацијата, односно во февруари е 2,4%, наспроти 2,5% во првиот месец од оваа година.
