Кокаин од Бразил тргнал кон Македонија! 45кг кокаин запленет во контејнер со пилешко месо во Драч

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанската полиција синоќа во пристанишниот град Драч запленила 45,5 килограми кокаин, а приведени се и две лица.


Кокаинот бил сокриен во контејнер натоварен со пилешко месо, кој тргнал од Бразил, на сметка на трговски субјект од Северна Македонија, кој е дел од косовската компанија „Апетит Груп“.


Дрогата била спакувана во 40 пакетчиња чија тежина варирала од 800 грама до 1 килограм и 200 грама. Пакетчињата биле завиткани со фотографии од анимирани филмови и ликот на Буда.


Акцијата под кодното име „Транзит“ била спроведена по сознанијата до кои дошле агентите за борба против наркотизам – дека во контејнер кој бил стациониран на западниот термин има сокриено наркотични средства.

Полицијата го уапси раководителот на компанијата “Апетит груп“, Арбен Феризи, 30 годишен и царинскиот службеник од пристаништето во Драч, 39 годишниот Егерт Варгу кој бил договорена страна од трговски субјект за товарење на месото.


Полициските извори соопштуваат дека се сомневаат дека кокаинот бил нарачан од криминални групи надвор од земјата. Не се исклучува можноста дрогата да била земана од албански групи откако пратката ќе излезела од пристаништето.


По стотици килограми фатени во контејнери со банани на пристаништето во Драч, шверцерите избираат други начини за транспорт на дрогата од земјите на Латинска Америка. На 17 мај во Драч се откриени 59 килограми кокаин во брод кој пренесувал јаглен. За оваа пратка не е уапсено ниту едно лице, а единствени кои што биле одведени во полициска станица биле членовите од екипажот.


Од порано, според агенциите за спроведување на законот, пристаништето во Драч служи како една од главните точки за пренесување наркотични средства од Латинска Америка.