Колкав е падот на прометот кај туристичкиот сектор?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ана Марија Алексова, член на УО на туристичко-угостителската комора, денеска во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна колкав е падот на прометот кај туристичките агенции во Македонија.

„Падот на прометот кај сите туристички агенции е над 80% а кај големиот дел и 100%. Ние мислевме од почетокот на кризата дека во 2021 ќе се вратиме во нормала, дека нештата ќе се вратат во нормала и ќе бидат подобри, меѓутоа за жал е обратна ситуацијата“, вели Алексова.

Таа додава дека целиот овој период прометот во туристичкиот сектор е нула, додека пак трошоците останале исти.