Пожарите се чести во овој период од годината, а во Македонија ги има во моментов и се активни на неколку локации. Некои од нив тешко се локализираат, и оставаат трајни последици по животна средина и здравјето на луѓето. Научници истражувале како чадот од пожарот може да влијае на вашето здравје.
Постои комбинација на фактори кои предизвикуваат влошување на квалитетот на воздухот, меѓу кои се и загадувачи кои ги создал човекот. Стручњаците кажуваат дека чадот од пожар игра значајна улога во смалување на квалитетот на воздухот.
Пожарите и чадот ќе станат доминатни фактори на загадување на воздухот во годините кои доаѓаат.
Голем број на истражувања укажуваат дека чадот има големи и штетни ефекти на здравјето, вклучувајќи и смртни случаи и хоспитализација, поврзани со изложеност на чад од пожар.
Чадот посебно го погодува респираторниот и кардиваскулаторен систем, затоа што вдишувањето на штетни честици предизвикува восплание на белите дробови, ја намалува неговата функција. Истражувањата покажуваат дека е опасен особено за старите лица, трудниците и луѓе со хронични заболувања.
„Честиците на чадот се многу мали, 30 пати помали од влакното, може длабоко да навлезат во белите дробови и да преминат во вашиот крвоток“, кажа Сара Кофилд од Универзитетот Колорадо.
