Колку е неопходен пописот од економски аспект?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Колку е неопходен пописот од економски аспект?

На оваа тема во „10 Минути“ на ТВ21 разговараме со економистот Горан Рафајловски кој вели дека пописот е една мерка за која смета дека мора да се случи, без разлика на кавгите меѓу политичарите.

„На крајот воопшто не е важно кој во Македонија колку се брои на национална основа, мислам дека е веќе смешно во 21 век да разговараме за тоа. Многу е поважно кој во Македонија вистински живее, со што располага, какво образование има и со што можеме да сметаме на граѓанинот што живее тука“, порачува Рафајловски.