Сувото овшје, без оглед на неговата намалена големина, може да претставува вистинска енергетска „бомба“.
Причината за тоа е големиот процент на влакна и хранливи материи кои остануваат кога од овошјето ќе се одземе водата.
Најдобар пример за тоа е сувата кајсија, која во пола чаша има 4,7 грама влакна, додека во иста количина свежо има само 1,6 грама. Сувото овошје е добар извор на антиоксиданси и витамини Б.
Истражувањата покажале дека оние кои конзумираат суво овошје, имаат здрави навики во исхраната и мала телесна маса.
Секако треба да се има во предвид и процентот на шеќер дека во сувото овошје е повисок од оној во свежото. Поради тоа некои луѓе треба да бидат внимателни кога го конзумираат. На пример шоља на свежо грозје има 23 грама шеќер и 104 калории, додека иста количина суво грозје има 116 грама шеќер и пет пати повеќе калории.
Се препорачува 15 грама суво овошје на секој оброк. Тоа може да биде здрава ужина.
