Прејадување во текот на празниците е честа појава. Оние кои до вчера постеле треба да бидат внимателни со храната, но и бројката на јајца која треба да се изедат, затоа што преголемо конзумирање на јајца може да донесе проблеми.
„Оброкот главно се состои од предјадење, главно јадење и десерт. Главното јадење треба да биде најздраво, а најкритично е предјадењето. Салатите кои се полни со мајонез, 1-2 лажичи нема да наштети“, истакна нутриционистката од Србија, Јована Срејиќ Ферлуга.
Што се однесува до Велигден, таа кажа дека две цели јајца за здрави лица и до четири белки, се доволни. Советот за оние кои постеле e да јадат полека и умерено. Јајцата содржат многу холестерол, особено жолчките, и затоа не треба да се конзумира премногу.
