Колку плата земаат премиерот Заев и министрите во Владата?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заев најави можна соработка со опозицијата: Сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада!

Премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да разговара со опозицијата за идно формирање на Влада за национален спас....

Во моментов низ инфективните одделенија и болниците се лекуваат 795 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 492 пациенти...

Концерт во Израел, на трибините смеат само вакцинирани

Повеќе стоици лица кои се вакцинирани против коронавирусот, присуствувале во петокот на концерт на отворено, кој го организирала управата...

Рамчиловиќ: Формирањето една изборна единица од исклучително значење за македонската демократија

Пратеникот во Собранието, Зеќир Рамчиловиќ даде поддршка на предлог законот за измени на Изборниот законик со кој се предвидува...

Започна викенд lockdown кај нашиот сосед, затворено е сѐ до понеделник наутро

Во Србија попладнево започна lockdown кој ќе трае до понеделник до 06 часот наутро, односно немад а работат рестораните,...

На својата официјална веб-страница, Владата ги објави висината на платите на премиерот, вицепремиерите и министрите за изминатиот месец декември 2020 година.

Од Владата објаснуваат дека овој чин е дел од заложбите за поголема дигитална транспарентност.

„На оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок“, наведуваат од Владата.

Највисока нето плата зема премиерот Зоран Заев. Таа вкупно изнесува 87 813 денари, од кои 8 973 се за минат труд. Премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години.

Втор на списокот е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85 113 за кого се нагласува дека има покачување на платата од 20%. Трета, според висината е министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со 74 273 денари нето плата од кои 9 303 се за минат труд. Шахпаска е и министерката која зад себе има најдолг работен стаж од 28 години.

Министерките за одбрана и култура, Радмила Шекеринска и Ирена Стефоска, според висината на платата, се следни. Шекеринска зема 72 989 денари, а Стефоска 72 670. Тие се на врвот на листата и според стажот, министерката за одбрана има 24 години, а министерката за култура 23.

Следни на листата се вицепремиерите за европски и економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи, кои земаат идентична плата од 71 385 денари, а имаат и исти години на стаж – 19.

Првиот вицепремиер Артан Груби, пак, зема плата од 70 102 денари, а зад себе има 15 години работен стаж.

Останатите плати се движат од 68 до 70 000 денари.