Колку потпретседатели му требаат на Собранието? Мемеди и Мисовски: Не користевме службени автомобили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Предлогот Собранието да има потпретседатели предизвика дебата во јавноста во врска со тоа дека нивниот избор ќе предизвика големи трошоци.

Во врска со тоа ги прашавме потпретседателите од минатиот состав, Горан Мисовски и Весељ Мемеди, почнувајќи од нивното искуство, колку потпретседатели треба да има Собранието и какви привилегии имаат за разлика од другите пратеници?

Мисовски смета дека Џафери има потреба од 4 заменици а не пет. Вели дека како потпретседател неколку пати ја водел седницата во Собрание и немал дополнителна привилегија и дека не користел ниту службен автомобил.

„Имав автомобил кој ми го додели Комисијата за заеднички работи. Автомобилот е од 1994 и е амортизиран, но независно од тоа, тој беше стар, јас не чувствував потреба да го користам бидејќи живеев на 200 метри од Собранието.“, рече Мисовски.

Среќата на Мисовски ја немаше и потпретседателот со преполовен мандат, Весељ Мемеди. За да стигне до Собрание патувал повеќе од 65 км, бидејќи е од Гостивар и тоа го правел со сопствено возило.

„Го заменувавме претседателот кога беше отсутен, се грижевме за разни делегации. Мојата улога беше менаџирање со канцелариите на пратениците за контакт со граѓаните. Јас немав службен автомобил, патував со приватен автомобил.“, рече Мемеди.

Меѓутоа, за разлика од Мисовски кој немал патни трошоци, Мемеди трошел 13170 евра за пат.

Но Институтот за демократија Сосиетас Сивилис – Скопје, кој ја мониторира активноста на пратениците на пленарните седници оценува дека Собранието во овој период нема потреба од повеќе од двајца потпретседатели.

За предлогот Собранието да има 5 потпретседатели предизвика реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека со овој предлог, парламентарното мнозинство се пазари. Мандатарот Заев им даде понуда, доколку се откажат д кандидат за потпретседател, и мнозинството ќе се откаже од нивниот кандидат и така Собранието ќе има 2 потпретседателки. Но опозицијата е без одлука за понудата на мнозинството. Просечно се оценува дека еден потпретседател граѓаните ги чини над 200 илјади денари, но во оваа пресметка влегува и службен автомобил , патни трошоци, секретари и други бенефиции. Тие трошоци варираат зависно од местото на живеење на потпретседателот.