Шеќерот е сложен нутриент кој на нашиот организам му пружа енергија потребна за нормално функционирање. Меѓутоа прекумерно конзумирање може да биде штетно по здравјето. Низ историјата луѓето конзумирале шеќер низ овошјто и медот, но со развојот на индустријата за брза храна, внесот на шеќер драстично е зголемен.
Неколку штетни импликации при внесувањето на шеќер се прекумерно внесување на калории, зголемен ризик од болести на срцето, поврзаност со дијабетес тип 2, кариес, негативно влијание на мозокот.
Важно е да се напомене дека сите вештачки шеќери имаат еднаква вредност. Постојат и природни кои се наоѓаат во овошјето, но и со нив не треба да се претерува.
