Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи колку вакцини има на располагање во Македонија.
„Од вакцината Спутник В, до крајот на денешниот ден, ќе останат околу 2.500 вакцини, кажувам приближни бројки на кои што ќе дополниме 2 илјади вакцини од АстраЗенека и 1.000 кинески вакцини“, истакна Филипче.
Тој додаде дека заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се близу 30 илјади граѓани.
Според информациите на веб страницата kovid19vakcinacija.mk вакцинирани се вкупно 29,263 граѓани, додека пак заинтересирани за вакцинација се 155,297 граѓани.
