Комесарот за човекови права на Советот на Европа: Јавното величење на Ратко Младиќ е незаконско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флахерти, денеска го осуди „јавното величење на Ратко Младиќ“ и ги повика надлежните институции да се спротивстават на ваквите постапки.

Во соопштението објавено на неговата официјална веб-страница, О’Флахерти наведува дека „најостро го осудува јавното величење на Ратко Младиќ, осуден воен злосторник за геноцидот во Сребреница и злосторства против човештвото“.

Во реакцијата се опфатени и изјави на официјални лица од Република Српска, ентитет во Босна и Херцеговина, како и од Србија.

„Таквото величење претставува кривично дело според законите на Босна и Херцеговина и не спаѓа во слободата на изразување заштитена со Европската конвенција за човекови права“, се наведува во соопштението.

О’Флахерти ги повика „сите надлежни институции да се спротивстават на обидите за величење на осудени воени злосторници и да ги исполнат своите законски обврски за обезбедување одговорност, заштита на правата на жртвите и воспоставување правда“.