Денеска Комисијата за заразни болести одржа состанок на кој беше разговарано за моменталната состојба со Ковид-19.
Според извори на ТВ21, на состанокот не биле препорачани нови рестриктивни мерки, односно на сила да останат досегашните.
Министерството за здравство вчера објави дека регистрирани се 21 нови случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.922, бројката на оздравени пациенти е 150.170, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 265.
