Комисијата за ревидирање на учебници во тек! Царовска без конкретен рок кога ќе се корегираат спорните текстови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дискриминацијата на етничка основа во учебниците крена голема врева.

Министерката за образование, Мила Царовска, неодамна се сретна со вицепремиерот Артан Груби и екс-министерот Арбр Адеми, но по средбата преку писмен пат само известија дека се договориле согласно Законот за учебници за основно и средно образование да се разгледаат и коригираат сите неправилности и неправди во учебниците, почнувајќи од оној по географија за втора година средно образование.

Ја прашавме, Царовска, но таа не откри детали од средбата и не одреди конкретен рок – кога ќе се исправат спорните текстови во овие учебници?!

Министерката рече дека комисијата која се формира ќе направи ревизија, а потоа и рецензија на учебникот по географија. Но, што се однесува до тоа – кој треба да преземе одговорност за пуштање во употреба на учебниците со дискриминирачка содржина, Царовска со став дека не треба да се враќаме назад, туку да одиме напред.

Инаку, министерката Царовска денеска во Кичево се сретна со претставници на образованието и Стопанските комори по повод отворање на нови стручни насоки во средните училишта, кои се очекува да се воведат од следната учебна година.