Наместо кафе, вечерва направете компот од јаболка и нема да погрешите
Состојки:
1 кг јаболка
1 л вода
80 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
цимет по вкус
Подготовка:
- Измијте ги, излупете и извадете ги семките од јаболката и исечете ги на кришки, па ставете ги во литар врела вода. Додадете шеќер, ванилин шеќер и цимет. Гответе околу 15 минути.
- Кога малку ќе се олади, додадете половина лимон исечен на прстени, за да го задржи витаминот Ц. Додадете неколку суви сливи или брусница, ако сакате, не е задолжително.
- Совет: Овошјето секогаш гответе го исчистено, измиено и исечено во топла засладена вода за да не се распадне за време на готвењето.