Конечно вистина: Шумахер е буден и дише, дури и оди со мала помош

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регистрирани 190 нови случаи на Ковид 19 – починати се 6 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи...

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се искачи на 82

Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на...

Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската...

Хорор во Крапош: Ја заклучувал малолетната ќерка – МВР упадна во станот

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен...

Тешка кражба во скопски трговски центар – МВР приведе две лица

На 16.01.2021 во 14.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода две малолетни лица...

Светот сега конечно знае што точно се случува со најдобриот возач на Форула 1, Шумахер кој во 2013 година доживеа тешка несреќа за време на скијање.

Михаел Шумахер (51) е буден, дише, неговото срце има убав ритам. Тој веројатно може да седне, можеби дури и да направи чекор со помош на други, но не повеќе од тоа, изјави познатиот невролог Ерих Ридерер во француски документарец на ТМЦ, чии зборови ги пренесува италијанската Газета дело Спорт.

Светот на тој начин конечно за прв пат дозна што всушност се случува со најпознатиот возач на Формула 1 во историјата откако доживеа сериозна несреќа на скијање во Мерибел во 2013 година. Од тогаш до денес, третманот на Шуми е обвиткан во тајност, но зборовите на неврологот Ридерер даваат надеж за закрепнување.

Да потсетиме, на 29 декември 2013 година, Михаел Шумахер скијаше на француските Алпи. Легендарниот возач на Формула 1 падна од обележаната патека. Веста дека Шумахер се повредил додека скијал се ширеше на Интернет, првата информација беше дека станува збор за полесна повреда, но тоа беше, за жал, погрешна информација.

Шумахер беше на одмор на француските Алпи, каде што поседува планинска вила и штом се прошири веста дека е во сериозна состојба, еден од најдобрите француски неврохирурзи, Саилант, добар пријател на Шумахер, побрза во болницата во Гренобл.

Во својата кариера, Шумахер имаше неколку големи несреќи во Формула 1.