Конференциска лига: Шкупи со 2:0 го совлада косовски Лапи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екипата на Шкупи дојде до добра предност во првиот натпревар од конференциската лига на УЕФА над Лапи со 2:0.

Головите за чаирскиот тим ги постигнаа Кире Маркоски во 36. минута и Руатубиаје во судиското надополнување за добра предност пред реваншот во Приштина.

Сепак, и покрај победата, тренерот Гоце Седлоски предупреди на внимателност.

„Заслужено победивме, но стоиме цврсто на земја пред реваншот. Сметам дека можевме да одиграме подобро. Лапи е квалитетен тим, и јас уште пред мечот кажав дека ќе биде тежок натпревар“, рече Седлоски по мечот.