Конфискувано овошје и зеленчук заврши во градинките! Дали се безбедни? Немало дозвола за нивно дистрибуирање

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Агенцијата за управување со одземен имот во текот на декември и јануари реализирала неколку солидарни акции за распределба на овошје и зеленчук во градинките. Неколку од овие акции се објавени и во нивниот службен фејсбук профил, а за кои ТВ21 обезбеди информации од сигурни извори дека оваа агенција не добила зелено светло од надлежните власти за безбедноста на оваа храна.

„Одземени овошје и зеленчук од Пазарниот инспекторат и од Царинска управа, кои завршиле во Агенцијата за управување со одземен имот и во текот на јануари биле дистрибуирани по градинките, но не добиле сертификат за безбедна храна од Агенцијата за храна и ветеринарство.“, вели новинарот на ТВ21, Аднан Ќаили.

Според законската регулатива за Агенцијата за управување со конфискуван имот, оваа институција мора да добие решение од судот, но и да ја извести Владата. Во член 36 од овој закон се вели: „По конфискацијата мора да добие мислење од Агенцијата за храна и ветеринарство дали таа храна е во согласност со здравствените, фитосанитарните стандарди и безбедносните услови.

И од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдуваат дека немаат добиено повратна информација за овие дистрибуции на храна за деца од предучилишна возраст во повеќе градови. Бошко Стојковски од инспекцискиот сектор на АХВ вели дека Агенцијата за управување со конфискување имот не добила вакво мислење, не само во последните 3 месеци, туку во последните 3 години.

ТВ21 веќе неколку дена бара одговор од Агенцијата за управување со конфискуван имот, но одговор не добивме.